26.8 C
Skopje
понеделник, мај 27, 2024

Месечината исчезнала во 1110 година – ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИЛО

Јапонскиот вулкан Асама можно е да бил виновникот за „црната месечина“.
На 5 мај 1110 година, Месечината не беше видлива на небото. Речиси илјада години овој настан остана мистерија. Неодамна, тим на истражувачи од Универзитетот во Џенова, ја открија оваа мистерија и што се случило таа ноќ со бушење на ледени јадра на Гренланд и Антарктикот.

Според анализите, „црната месечина“ може да била создадена од вулканските ерупции што се случиле помеѓу 1108 и 1110 година. Од нив се ослободил огромен облак од сулфур, кој подоцна паднал на земјата и се „зачувал“ во мразот.

Истражувачите исто така барале историска документација за екстремните затемнување на Месечината. Обично, најмрачните настани од 1600-тата година се придружени со силни вулкански ерупции.

„Kronika Peterborough“ нуди еден од најдолгите и најдетални описи на затемнувањето на месечината помеѓу 500 и 1800 година.

Анализите на прстените на дрвјата исто така покажаа дека времето во Западна Европа во 1110 година било екстремно студено и влажно.

Врнежите, исто така се поврзани и со аеросоли од вулкански ерупции, што би ја потврдило хипотезата на истражувачите.

Дали тоа бил вулканот Асама, или некој друг вулкан, сè уште не е потврденоа за тоа се потребни повеќе истражувања.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести