13.8 C
Skopje
четврток, мај 25, 2023

ЕУ и САД ќе работат заедно на воспоставување минимални стандарди за вештачка интелигенција

ЕУ и САД ќе работат заедно на воспоставување минимални стандарди за вештачка интелигенција пред да се воспостави европското законодавство во таа сфера. Извршната потпретседателка на Европската комисија, Маргрет Вестагер денеска најави дека процесот на усогласување на европскиот закон за вештачка интелигенција може да потрае до крајот на годината.

„Потоа ќе ни треба една година, ако не и две, за законот да стапи на сила, што значи дека треба да направиме нешто за да го премостиме тој период“, нагласи таа. Вестагер додаде дека вештачката интелигенција ќе биде една од главните теми на собирот на Трансатлантскиот совет за трговија и технологија, што ќе се одржи на 30 и 31 мај во Шведска.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img