25.8 C
Skopje
понеделник, мај 20, 2024

Поплавите во Италија ја откажа првата трка на Рико Вуков

Во текот на вчерашниот ден беше лиферувана веста дека поради поплавите во регионот на Емилија Ромања, ќе биде откажан гран при викендот на патеката во Имола.

Македонскиот возач Ристо Вуков токму на оваа патека требаше да ја започне својата кампања во Порше Суперкуп, натпреварување кое се вози во склоп на Ф1 викендот.

– Најнапред, сакам да испратам порака за поддршка до италијанскиот народ и спасувачките служби кои работат во погодениот реон. Не се сомневам во потребата од ваква одлука на организаторите, ќе беше невозможно да се организира нормален гран при викенд, а притоа да се знае дека некој се бори за живот. Во моментов сите мои надежи се за што побрза нормализација на ситуацијата во поплавените подрачја.

Ова не е прва случка за откажување на планираните обврски за Вуков оваа година, откако на почетокот од април мораше да се повлече од тестирањето на Ред Бул Ринг бидејќи автодромот беше завеан во снег.

Поради сето ова, тој за идниот викенд во Монте Карло се подготвува заедно со Андреј Кулунџиќ на патеката „Навак“ крај Белград.

– Андреј е поранешен возач во Порше Суперкуп и неговите искуства се драгоцени за мене бидејќи од оваа временска дистанца тој може да препознае кои од моите дилеми се реални, а на кои не треба да им обрнувам внимание. Недостатокот на тренинг патека во Македонија е голем проблем, па можноста да се тренира во Србија со него е најдоброто нешто што можеше да се обезбеди, со цел да останам фокусиран и да ја темпирам својата форма. Искрено се надевам дека веќе на 28 мај за време на гран при викендот во Монако ќе се покаже дека овие подготовки биле полн погодок.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести