Извесен Драган на Фејсбук објавил оглас дека бара жена за „заеднички љубовен живот“, па дури оставил и телефон заинтересираните да му се јават. И додека чекал повик, следувала вистинска шлаканица: не огласот му се јавила жена му!

– Ќе видиш ти кога ќе дојдеш дома, му порачала со низа пцовки.
Не е познато дали Драган се шегувал или некој го искористил неговото внимание, па му го злоупотребил профилот, но во секој случај сигурно не си поминал добро кога дошол дома.