35.8 C
Skopje
петок, јули 12, 2024

Франција ќе дава субвенции за набавка на електрични автомобили

Новите даночни олеснувања, кои треба да бидат вклучени во буџетот за следната година, се очекува да генерираат приватни инвестиции во вкупна вредност од 20 милијарди евра и да отворат десетици илјади работни места до крајот на деценијата. Мерката ќе опфати 25 до 40 отсто од инвестициите на компанијата во ветерни електрани и фотоволтаични системи, топлински пумпи и батерии, соопштија властите.

Владата на Макрон сака да ги зголеми инвестициите во зелената технологија за Франција да може да се натпреварува со американските компании поддржани со Законот за намалување на инфлацијата (IRA) и големите даночни субвенции насочени кон намалување на емисиите на јаглерод и зајакнување на домашното производство и индустрија.

Макрон, исто така, рече дека нацрт-законот за зелена индустрија, кој ќе биде претставен следниот вторник, ќе вклучува планови за зголемување на инвестициите во стручното образование и за скратување на процесот за отворање нови фабрики во Франција на максимум девет месеци.

„Рамката за финансирање треба да ни помогне да се натпреваруваме со американскиот закон за ИРА“, рече Макрон откривајќи мерки што треба да го сменат долгорочниот тренд на слабеење на француската индустрија.

Потрошувачите, пак, ќе можат да ја искористат постојната парична стимулација до 5.000 евра за да ги купат само оние нови електрични автомобили чии производители ги исполнуваат строгите стандарди за ниска потрошувачка на јаглерод, што практично ги исклучува производителите на автомобили надвор од Европа.

„Ќе ги поддржиме батериите и возилата произведени во Европа бидејќи нивниот јаглерод е добар, нема да ги користиме парите на француските даночни обврзници за поттикнување на неевропската индустрија“, рече Макрон.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести