16.8 C
Skopje
недела, септември 3, 2023

ЗАГАРАНТИРАНО ЗАДОВОЛСТВО! Најдобрите природни афродизијаци

Мака

Перуанската билка мака (лат. Lepidium meyenii) е зеленчук од семејството на зелка, кој изгледа како корен од целер.

Според експертите, го ублажува стресот и симптомите на менопауза кај жените, додека кај мажите може да го зголеми сексуалниот нагон и да ја подобри подвижноста на спермата, поради што често се нарекува природна вијагра.

Претежно се консумира со јогурт, кефир или како додаток во смути за зголемување на енергијата.

Гинко билоба

Растението, кое традиционално се користи во кинеската медицина, има бројни здравствени придобивки, а особено се користи како помагало во лекувањето на депресија и намалено либидо.

Наводно ги релаксира крвните садови и го забрзува протокот на крв, а се смета дека го подобрува либидото. И мажите и жените го користат како афродизијак, а наводно помага за побрзо постигнување оргазам.

Чоколадо

Освен што е вкусно, чоколадото содржи кофеин и теобромин, кои ги стимулираат невротрансмитерите во мозокот, како и фенилетиламин и серотонин, кои го креваат расположението. Тие се одговорни за чувството на среќа што многумина го имаат додека уживаат во чоколадни задоволства, а докажано е дека меѓудругото помага за потенција.

Наводно, славниот љубовник на Казанова тврдел и дека бил толку активен меѓу чаршафите затоа што често конзумирал чоколадо.

Мед

Таканаречениот „нектар на Афродита“, според наодите од некои истражувања, го стимулира производството на тестостерон бидејќи е богат со витамини од Б-комплекс.

Мешавина од мед и ореви е добро позната како начин да им помогнете на мажите кои страдаат од еректилна дисфункција, а наводно ниту жените се имуни на неговите моќи.

Шафран

Овој здрав зачин е еден од најскапите поради бројните предности, а најмногу се цени за неговата помош во лекување на депресија, намалување на стресот и фактот дека го подобрува расположението.

Покрај тоа, научниците го прогласија за најдобар афродизијак во светот пред неколку години, а наводно Клеопатра го користела за да го подобри своето уживање во кревет.

Женшен

Овој азиски корен е одлична терапија за дијабетес, а може да се најде и во енергетски пијалоци.

Сепак, Кинезите го користат за лекување на еректилна дисфункција што е покажано и во бројни истражувања.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img