6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Виктор Давидовски ја вози шестата сезона во европското ТЦР првенство (TCR Europe), а годинава првите три трки од него се возат заедно со ТЦР Светската серија (TCR World Tour)

Давидовски минатата година ги постигна своите најголеми успеси, победувајќи во трката на патеката „Пол Рикар“, а потоа и со освојувањње на второто место во Светскиот ТЦР куп што се возеше во Џеда, Саудиска Арабија.
На првиот гран при викенд од 2023 година во Португалија, кој се возеше на патеката Алгарве во близина на Портимао, Давидовски го освои петтото место во првата трка. Во втората трка, Давидовски успеа да се избори и да го престигне Фелипе Фернандез во дуелот за третото место, по што беше истуркан од ривалот, кој за таквиот потег заработи казна од стјуардите.
– И во првата трка бев удрен од Андерсен, и во втората го доживеав истото од Фернандез, по што немам што да кажам освен дека сум разочаран од покажаното ниво на фер плеј. Првенствено, тој неспортски помина неколку ривали возејќи надвор од лимитот на патеката, а потоа ме удри и додека го престигнував, и во следниот свиок кога веќе беше зад мене. Неговите постапки зборуваат за неговото ниво, но штетата ми е веќе направена. Првенствено, сакам да му се заблагодарам на тимот „Comtoyou Racing“ бидејќи имавме одличен автомобил за отворањето на сезоната. Следната трка е веќе за две седмици во Франција и таму квалификациите ќе бидат со уште поголемо значење. За мене тоа ќе биде прва трка во По, при што повторно ќе возиме заедно со другите пилоти од Светската серија на ТЦР и конкуренцијата повторно ќе биде фантастична. Целата своја енергија ќе ја насочам за што е можно подобро да се подготвам за следната трка.

Календарот на ТЦР Европа брои седум гран при викенди, а трките на уличната патека во По се закажани на 13 и 14 мај, повторно заедно со елитата од ТЦР Светската серија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести