Финска денес ќе се приклучи на пактот за НАТО, што ќе ја направи побезбедна, а алијансата посилна, изјави генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг, а Москва веднаш најави зајакнување на силите на западот на земјата.
„За прв пат ќе го подигнеме финското знаме овде, во седиштето на НАТО. Тоа ќе биде добар ден за финската безбедност, за нордиската безбедност и за НАТО во целина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел, додавајќи дека како резултат , „Шведска ќе биде побезбедна“.
Веста дека Финска и официјално ќе стане членка на НАТО денеска ја потврдија од кабинетот на претседателот на државата. Финска станува полноправна членка откако турскиот парламент во четвртокот ја ратификуваше точката со која и се дозволува на Финска да се приклучи на НАТО, отворајќи го патот на Хелсинки да се приклучи на западната воена алијанса.