3.8 C
Skopje
вторник, декември 5, 2023

Резников: Украина планира контраофанзива на неколку борбени линии

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников изјави дека Украина планира контраофанзива на неколку борбени линии, но се зависи од временските услови.

Меѓу другото, Резников беше прашан кога германските тенкови Леопард ќе се појават на бојното поле.

„Ќе ги видите за време на контраофанзивата, според одлуката на Генералштабот на вооружените сили на Украина. Планот е да се изврши контраофанзива на неколку линии на фронтот. Ќе зависи од тоа кога ќе дојде вистинскиот момент. За тоа ќе одлучи Генералштабот. Тоа зависи и од времето. Нашата почва е многу влажна во пролет. Може да се користат само гасеничари. Мислам дека ќе ги видиме во април или мај“, изјави Резников.

Кога станува збор за украинската контраофанзива, Резников верува дека светот ќе биде сведок на „многу позитивни промени за Украина“ во 2023 година.

„Убеден сум дека ќе продолжиме да ги ослободуваме привремено окупираните територии како и досега во регионите Киев, Чернихов, Суми, Харков и Херсон. Сето тоа ќе продолжи“, рече тој.

Тој истакнува и дека украинските војници на фронтот се уморни бидејќи војната трае повеќе од една година.

„Тоа е ментално и физички предизвикувачки процес. Затоа се обидуваме да ги ротираме силите. Но, ова е војна – животниот стандард е различен, условите се различни. На пример, јас спијам само 3 до 4 часа на ден. Стана навика за мене “, рече Резников.

Кога станува збор за Бахмут, Резников рече дека украинските сили значително го „намалиле рускиот офанзивен потенцијал“ на тоа бојно поле, а тоа ќе им помогне на одбранбените сили „да ја одржат линијата на бојното поле стабилна и да добијат време да се подготват за контраофанзива“.

Резников тврди и дека на Русите им недостига муниција.

„И тие се уморни. Имаат огромни загуби, има многу повредени и загинати руски војници. Секој ден губат по најмалку 500 војници, убиени и ранети“, рече Резников.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img