15.8 C
Skopje
понеделник, февруари 26, 2024

Џонсон: Од таа истрага е јасно дека нема апсолутно никаков доказ

Парламентарниот Комитет за привилегии ги истражува изјавите што Џонсон ги дал во парламентот во декември 2021 година, конкретно дали намерно ги довел пратениците во заблуда за незаконски собири одржани во канцелариите и резиденциите на Даунинг стрит, од кои на некои присуствувал и самиот, кога рекол дека не се прекршени никакви правила и дека се почитувале сите предвидени мерки против Ковид-19.

Во документ со докази на 52 страници што го достави до комитетот, Џонсон рече дека прифаќа дека Долниот дом бил доведен во заблуда со неговите изјави, но ги отфрли обвинувањата дека намерно го лажел парламентот.

– Од таа истрага е јасно дека нема апсолутно никаков доказ за поткрепа на тврдењето дека намерно или непромислено сум го довел во заблуда Домот. Не постои документ што укажува дека сум добил предупредување или совет дека кое било правило или мерка било или можеби било прекршено на некој од тие настани, рече Џонон.

Во центарот на истрагата се изјавите што Џонсон ги даде во парламентот во декември 2021 година за забавите во Даунинг стрит кога законите за Ковид-19 ги држеа луѓето дома и забрануваа собири во затворени простории.

Во извештајот објавен претходно овој месец, пратениците во Комитетот рекоа дека Џонсон можеби го довел во заблуда парламентот во четири наврати и наведоа дека прекршувањето требало да биде „очигледно“ за поранешниот премиер. /МИА

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести