22.8 C
Skopje
четврток, септември 7, 2023

Дрес на Коби Брајант продаден на аукција за 5,8 милиони долари

Дресот на кошаркарската легенда Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година, е продаден на аукција за 5,8 милиони долари, објави Сотби.

Ова е трета највисока цена за спортски дрес, по оние што ги носеа Мајкл Џордан и Диего Марадона, соопштија од Сотби.

„Овој дрес е икона која ретко ја гледаме во спортската опрема.

„Сликата на Коби кој го носи овој дрес премина во популарната култура, беше испечатена на излози, книги, весници и стана симбол на неговата непоколеблива решителност и страст што одекнува низ целиот свет“, додаде тој.

Повисока цена од оваа постигна дресот на Мајкл Џордан од финалето на НБА во 1998 година, кој беше продаден за 10,1 милиони долари, како и дресот што го носеше Диего Марадона на Светското првенство во 1986 година, кој беше продаден за 9,28 милиони долари.

На крајот на јануари оваа година, дресот на кошаркарот Леброн Џејмс, во кој со Мајами ја освои титулата во НБА лигата во 2013 година, беше продаден на аукција за 3,7 милиони долари.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img