Србин (22) е уапсен во Виена откако инспекторите на Државната криминалистичка полиција пронашле 50 килограми наркотици во станот што го користел.
Според порталот Heute, инспекторите упаднале во стан во центарот на градот и таму го пронашле младиот човек од српска националност.
При детален претрес на станот, во фрижидерот биле пронајдени околу 50 килограми разновидна наркотици. Пронајдени се 43,3 килограми амфетамин, 2,3 килограми кокаин и околу четири и пол килограми марихуана.
Акцијата била спроведена минатиот четврток, а полицијата се сомнева дека уапсениот работел за организирана криминална група.
Осомничениот сам произведувал амфетамини во станот.