13.8 C
Skopje
петок, март 31, 2023

Летувањето на хрватското приморје ќе биде и до 20 отсто поскапо во однос на претходната сезона

Летувањето на хрватското приморје ќе биде и до 20 отсто поскапо во однос на претходната сезона, пишуваат тамошните медиуми.

„Излегува дека, на пример, за станови во кои ноќевањето минатото лето беше 70 евра, ова лето ќе биде најмалку 80, а често и 90 евра дневно. Краткиот седумдневен одмор во тој случај првично поскапува барем најмалку 70, а почесто од 100 до 140 евра“, пишува Вечерњи лист.

Зголемувањето на цените се почувствува уште минатата година, а поради инфлацијата, поскапувањето на енергетските производи и на комуналните услуги, јасно беше дека ќе продолжи и летово.

– Поскапувањата се неизбежни и цените ќе бидат за најмалку 15 проценти повисоки од лани. Но, сега е се заедно и за 30 отсто поскапо во однос на 2019 година – изјавила претседателката на Здружението за семејно сместување, Барбара Марковиќ.

Таа посочува и дека Хрватска е поскапа од другите европски дестинации.

– Јасно е дека 150 евра за ноќевање е прескапо за домашните гости, колку ќе чини стан за двајца, плус два кревети повеќе, во добра позиција во лето. Инаку, во Грција, на пример, од сместување до угостителство е значително поевтино од кај нас, а цените се пониски и во Шпанија и Португалија. Ја разбирам амбицијата да се биде висококвалитетна, бутик дестинација, но тогаш сите сегменти од туристичката понуда би морале да бидат на тоа ниво. А тоа, за жал, не е така… – додава.

Поскапувањето на хрватското приморје е забележано и на туристичкиот саем во Берлин. Како што пренесува Вечерњи лист, иако Европејците можат лесно да им платат, тоа не значи дека им се допаѓа скокот.

– И нашите партнери не предупредуваат дека цените на конкурентите се пониски. Некои агенции, пак, ни се пожалија дека не можат да изнајмат онолку хотелски соби колку што би сакале на хрватскиот Јадран, бидејќи хотелиерите шпекулираат и чуваат соби за гостите кои доаѓаат без посредство на агенцијата и за кои им наплаќаат повеќе за ноќе – известува локален туристички професионалец кој се грижи до кога европскиот пазар ќе остане имун на скокот на цените на туристичките пакети во Хрватска.

Приватното сместување во Грција, пак, поскапе од 5 на 10 отсто, а хотелското сместување до 20 отсто.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img