7.8 C
Skopje
среда, декември 6, 2023

Со огромно мнозинство финскиот парламент гласаше за членство во НАТО

Финска, која досега беше земја на надворешнополитичка неутралност, по почетокот на руската инвазија на Украина во мај минатата година, одлучи да се приклучи на Организацијата на Северноатлантскиот договор наместо да се потпира исклучиво на своите вооружени сили за одбрана на 1.300 километри долгата граница со Русија.

Со усвојувањето на основните документи на НАТО, Финска е чекор пред Шведска, која исто така поднесе барање за членство, но беше одбиена од Турција.

Во Финска се очекува да се одржат парламентарни избори на почетокот на април, па некои аналитичари сметаат дека сакаат да го завршат пристапниот процес до тој датум. За членство гласаа 184 пратеници, а 7 беа против.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја е подготвена да ја прими Финска, но дека се уште смета дека Шведска е засолниште за членовите на терористичките групи.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img