Работите вклучуваат пилот-проект долг три километри во близина на градот Иматра, на југоисточниот дел на Финска.
Планирана е изградба на дополнителни 70 километри меѓу 2023 и 2025 година, главно во југоисточниот дел на нордиската земја. Финска има 1340 километри долга граница со Русија. Финска планира да изгради 200 километри ограда, а работите се проценуваат на 380 милиони евра.
На металната ограда висока три метри ќе биде поставена бодликава жица, а на чувствителните места ќе има камери за ноќно снимање, светилки и звучници. Работата треба да биде завршена во 2026 година. Естонија, Латвија и Полска, исто така, ја зголемија или ќе ја зголемат безбедноста на нивната граница со Русија.