5.8 C
Skopje
недела, јануари 15, 2023

Стоилковски: Дали последното бегство од затвор е договорено со СДС?

Затворот во Македонија постои само за оние коишто немаат врска со власта, СДС, организираниот криминал и корупцијата! Овозможувањето на ладнокрвен убиец да избега од затвор уште еднаш ја потврдува оваа теза!

Последното бегство на затвореник, ладнокрвен убиец, се случува со насилство, пукање, ранети полицајци, и веројатно неминовно во дослух со затворските служби. Командир на смената на затворската полиција, којшто и претходно има досие за поткупливост, е човек близок на СДС! И тоа е факт! Толку близок што на фотографија со генералниот секретар на СДС, Миле Зечевиќ, пред неколку недели порачува „со шефот до крај“.

Ова е таа фотографија!

Почитувани,

Со оглед на оваа фотографија и оваа порака, Миле Зечевиќ мора да ја објасни пораката, за каков крај пишува командирот на затворската смена? Дали и што било договарано пред да настане оваа фотографија и пред да биде напишана оваа порака? Дали спектакуларното бегство било дел од некаква планирана стратегија? Дали е ова цената за враќањето на докажано поткуплив службеник на работа и неговото поставување на позицијата во затворската полиција? И последно, но можеби најважно, зошто, кои се мотивите за вакво организирано бегство во веројатен дослух со член на СДС верен како што вели „со шефот до крај“? Дали бегството е договорено со СДС?

Почитувани,

Нема безбедносен скандал во Македонија, нема криминал, нема криминалец којшто нема конекција со СДС, системот за казни и ресоцијализација е продолжена рака на корумпираното МВР и Правда. Во затвор остануваат и отслужуваат казна само оние коишто не се во дослух со СДС и владејачката коалиција на криминалот и корупцијата!

Почитувани,

Само избори се излез од оваа состојба во која што не втурна СДС.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img