3.8 C
Skopje
недела, јануари 15, 2023

Маск влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголем губитник во историјата

Сопственикот на „Тесла“ и „Твитер“ Илон Маск влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголем губитник во историјата, бидејќи од ноември 2021 до декември 2022 година загубил околу 165 милијарди долари, според Гинисовата книга на рекорди.

Овие бројки се засноваат на податоци на Форбс, но Гинис наведе дека други извори укажуваат дека загубите на Илон Маск би можеле да бидат уште поголеми, пренесува Би-Би-Си.

Во изјавата на Гинис се наведува дека „точниот износ на загубата на Маск е речиси невозможно да се одреди“, бидејќи некои медиуми проценуваат дека тој изгубил повеќе од 200 милијарди долари во 2022 година, но неспорно е дека го соборил претходниот рекорд, кој е со загуба од 58, 6 милијарди долари во 2000 година во сопственост на јапонскиот инвеститор Масајоши Сон.

Намалувањето на богатството на Маск во најголема мера е последица на големиот пад на вредноста на акциите на Tesla, кои загубија околу 65 отсто од нивната вредност во текот на најлошата година во историјата на компанијата, пренесува N1.

Маск не е единствениот милијардер чие богатство се намали во 2022 година, бидејќи американските милијардери минатата година изгубија вкупно 660 милијарди долари.

На второто место на листата на минатогодишни губитници е сопственикот на „Амазон“ Џеф Безос, кој загуби 80 милијарди долари, а претходниот рекорд го собори сопственикот на компанијата „Мета“ Марк Цукерберг, кој минатата година загуби 78 милијарди долари.

И покрај рекордната загуба, Маск и понатаму е вториот најбогат човек во светот. Форбс неговото богатство го процени на 320 милијарди долари во 2021 година, а сега му останаа „само“ 138 милијарди.

Според Форбс, моментално најбогат човек на светот е Французинот Бернар Арно, со имот вреден 190 милијарди долари.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img