16.8 C
Skopje
недела, септември 3, 2023

Вучиќ: Волкот не ги губи соништата поради мислењето на овцата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил објави фотографија со јасна порака, како што пишува, дека една мала слободарска земја во срцето на Европа опстојува и напредува, под сите притисоци низ кои поминува.

– Секој ден велат дека мора да направиме нешто за Косово и Метохија, мораме да направиме нешто за санкциите против Русија, мораме да се откажеме од поддршката за нашиот народ во Република Српска, и покрај се, мала слободарска земја во срцето на Европа продолжува да опстојува и напредува – напиша Вучиќ под фотографијата на која пишува: „Волкот не ги губи соништата поради мислењето на овцата“.

Oдносите на релација Србија – Косово се влошени, а на Бадник и Божиќ, косовски Албанци нападнаа и ранија српски деца.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img