4.8 C
Skopje
недела, јануари 15, 2023

Во Кина починале 60.000 луѓе откога ги укинале строгите мерки

„Помеѓу 8 декември и 12 јануари, починаа 59.930 луѓе“, изјави за новинарите претставникот на Националната здравствена комисија Џиао Јахуи.

На тој список не се вклучени оние кои починале надвор од медицинските установи.

Хоспитализациите поради Ковид-19 го достигнаа врвот во Кина, а бројот на болнички пациенти продолжува да опаѓа.

„Генерално низ целата земја, бројот на луѓе кои пристигнуваат на клиниките се намалува откако достигна врв, и во градовите и во руралните области“, рече Џиао.

Според него, се намалува и бројот на пациенти на кои им е потребна итна медицинска помош, како и процентот на позитивни на Ковид-19 во вкупниот број на тестирани.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img