5.8 C
Skopje
недела, јануари 15, 2023

ВМРО-ДПМНЕ: Осуден убиец избега и рани полицајци, а Спасовски и Ковачевски со денови не можат да го најдат, дали СДС намерно го пушти да избега?

Осуден убиец избега и рани полицајци, а Спасовски и Ковачевски со денови не можат да го најдат, дали СДС намерно го пушти да избега?

Осудениот убиец кој избега, и притоа рани полицајци очигледно добил помош за тоа од власта. Командирот кој бил на смена е човек на СДС, тој на неговиот фејсбук профил не ја крие поддршката за оваа партија. Според информациите кои произлегоа од медиумите и обвинителството станува јасно дека сега избеганиот добил поддршка од чуварите за тоа.

Симптоматично е што првиот одговорен, командирот на смена, е човек кој е поврзан со СДС.

Истиот тој командир, како полициски службеник на дело е фатен како прима поткуп, за потоа да наместо никогаш да не биде вработен во служба каде се применува правото, тој е поставен за командир на смена во Идризово.

Истиот можел, но не побарал асистенција од полицијата, иако се транспортирал осуденик за убиство.

Одговорноста не смее да запре со постапка против командирот и полициските службеници, мора да има одговорност и за надредените во службата.

Дали осудениот убиец намерно е пуштен да избега, и со каква цел. Спасовски е неспособен да го пронајде сега побегнатиот осуденик за убиство. Оставка од Спасовски и избори час поскоро. Со СДС државата само тоне.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img