3.8 C
Skopje
сабота, јануари 14, 2023

Костовски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините и ги ставаат во заложништво на големите компании

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел од општините кои ги раководат, работат неодговорно, нефункционално, ги партизираат општините, ги покачуваат цените на услугите, ги задолжуваат граѓаните и општините ги ставаат во заложништво.

Најнов пример е градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, кој започна постапка за задолжување на општината со долгорочна денарска обврзница од 5,4 милиони евра.

Муцунски успеа за само една година, Аеродром од најбогата општина во државата, да ја претвори во општина која тоне во долгови, на која и е потребно задолжување.

Исто така, не е јасно колкави ќе бидат каматите за задолжувањето и постои ризик сметката на општината да биде блокирана во следните 10 години.

Не е јасно ниту кој ќе ја купи обврзницата, дали тоа може да биде некоја голема градежна фирма, која после ќе диктира промена на детални урбанистички планови во нејзина корист и на тој начин општината ќе стане нејзин заложник.

Со ова задолжување ниту еден проблем во Аеродром не се решава трајно. Ниту недостатокот на градинки, ниту недостатокот на училишта, ниту недостатокот на паркинг простор, ниту потребата од развиена мрежа на улици и велосипедски патеки.

Наместо развој и решавање на проблемите, аеродромци добиваат нов проблем – долг од 5,4 милиони евра кој ќе го враќаат во следните 10 години.

Од овој месец, Општина Гевгелија, а од претходно и општините Прилеп, Охрид, Битола, Штип и Радовиш драстично ги зголемија цените на комуналните услуги со што дополнително удрираат врз стандардот на граѓаните.

Прекинати проекти, партизација и задолжување на општините и удар врз џебот на граѓаните, тоа е сработеното на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првата година од нивниот мандат.

Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната локална власт во историјата на државата.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img