0.8 C
Skopje
сабота, јануари 14, 2023

ВМРО-ДПМНЕ: Се поврзано со странски инвестиции е заради работата на ВМРО-ДПМНЕ, а СДС за цел мандат не донесе ниту една нова фабрика

Се поврзано со странски инвестиции е заради работата на ВМРО-ДПМНЕ, а СДС за цел мандат не донесе ниту една нова фабрика.

Не знаеме кого мисли СДС да манипулира со своите соопштенија, кога секој во Македонија знае дека ВМРО-ДПМНЕ го воведе концептот ТИРЗ, донесе најголем број регулативи и ги привлече сите странски инвестиции, кои се сега мотор на развој.

СДС има тотален дебакл на поле на привлекување на странски инвестиции. Пред да зборуваат за некакви нови инвестици кои уште не сме ги видели, да кажат до каде е фабриката на e.GO за електрични автомобили, каде се подредија цела Влада за сликање, а резултат нема?! До каде е инвестицијата на Jennmar од Питсбург во Жабени, заради која дел од зоната се пренамени во ТИРЗ, до каде е инвестицијата на Rechi&Sons во Струга?! Каде се инвестициите на турската Mepsan во Скопје 1 и Almak од Јужна Кореја во Скопје 2.

Во Македонија со СДС нема политика за привлекување на странски инвестиции, се се сведува на дебакл. Затоа потребни се промени и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе се грижи за економијата, развојот на државата и ќе работи за подобра иднина на граѓаните.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img