9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Германците со песимизам гледаат на иднината

Среде криза, Германците со песимизам гледаат на иднината, иако сега нешто помалку изразено од пред една година, според истражувањето објавено во средата од Институтот Форса.

Имено, 58 отсто од испитаниците се изјасниле дека очекуваат влошување на економијата во следните неколку години, наспроти една петтина кои очекуваат подобрување.

Иако песимистите се во убедливо мнозинство, тоа е помало отколку во екот на пандемскиот бран пред една година, кога 70 отсто од испитаниците изразија песимизам.

Истражувачите на јавното мислење ја припишуваат оваа промена на „ефектот на навикнување“.

Така, на пример, веќе на крајот на 2022 година, значително помалку луѓе се плашеа од енергетски дефицит отколку само неколку месеци порано.

Додека уделот на песимистите и оптимистите практично не се менува според приходите, разликите меѓу симпатизерите на поединечните партии се големи.

Така, 42 отсто од гласачите на партијата на Зелените очекуваат влошување на економијата, а кај оние кои гласаат за партијата Левица и десничарската Алтернатива за Германија (АфД), тој удел е 75, односно 82 отсто.

Економистите речиси едногласно проценуваат дека германската економија оваа година ќе избегне тежок економски пад – барем толку тежок колку што луѓето стравуваат поради енергетската криза и рекордната инфлација.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести