24.8 C
Skopje
недела, април 7, 2024

Нуредини: Инвестираме во подобри услови за живот и заштита на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, присуствуваа на започнување на градежните работи за изградба на фекална канализација во населеното место Страчинци, во општина Гази Баба.

„Започнувањето со имплементација на проектот за изградба на фекална канализација во населено место Страчинци во Општина Гази Баба е во рамки на нашите заложби за вложување во неопходна инфраструктура. Проектот е во вредност од 21 милион денари, средства обезбедени од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање“, истакна министерот Нуредини, додавајќи дека со конечната изградба на фекалната канализација и поставување на современ систем за одведување на отпадните води што се испуштат од домаќинствата се  решава проблемот за повеќе од илјада граѓани од населеното место Страчинци, овозможувајќи им поквалитетни услови за живот, како и заштита и унапредување на животната средина во овој дел од општината.

По претходно доставено барање од страна на општина Гази Баба и обезбедените финансиски средства за повеќегодишна јавна набавка од Министерството за животна средина и просторно планирање за финансирање на изградба на фекална канализација во н.м. Страчинци пристапено е кон реализирање на втората фаза од проектот за што е склучен договор со Друштвото за производство, промет, градежништво, транспорт и услуги КОП-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје како изведувач на работите, со рок на имплементација од 12 месеци. Надзор над изградба на градбата во име на Министерството ќе врши правното лице Друштво за управување со проекти ЕОС Е.Е ДОО Скопје.

Ова е само еден од многуте проекти коишто МЖСПП ќе ги реализира во текот на оваа година, вложувајќи буџетски средства коишто директно ќе се слеваат кај граѓаните преку реални и неопходни проекти, во сите општини во државата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести