5.8 C
Skopje
петок, јануари 13, 2023

Блинкен: Согласни сме дека Кина е најголемиот заеднички стратешки предизвик

„Согласни сме дека Кина е најголемиот заеднички стратешки предизвик со кој се соочуваме ние и нашите сојузници“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен, откако тој и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин се сретнаа со нивните јапонски колеги во Вашингтон.

Остин пред медиумите ги објави плановите за формирање нов американски полк во Јапонија.

Блинкен рече дека двете земји, исто така, се согласиле да ги прошират одредбите на нивниот заеднички договор за одбрана, притоа вклучувајќи ја и вселената.

„Согласни сме дека нападите од или во вселената јасно претставуваат предизвик. И признаваме дека, во зависност од природата на тие напади, би можел да биде активиран Членот 5 од американско-јапонскиот безбедносен договор. Тоа е важно“, рече тој.

Според чл. 5 од американско-јапонскиот договор, секоја од двете земји ќе ја смета секоја воена агресија против сојузникот како закана за нејзината национална безбедност и има право да преземе акција согласно одредбите на нејзиниот устав.

Подоцна денеска Остин повторно ќе се сретне со својот колега, Јасуказу Хамада, во Пентагон, а утре ќе има средба меѓу претседателот Џо Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида. 

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img