9.8 C
Skopje
сабота, март 2, 2024

Приведен дилер од Скопје, при претрес пронајдена дрога

На 11.01.2023 во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Скопје –  Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по преземени оперативни мерки и активности, на подрачјето на Центар е лишен од слобода Д.Г.(21) од Скопје. При претрес извршен со судска наредба во помошни простории од зграда, кои ги користел, биле пронајдени и одземени  дигитална вага и пакување со марихуана.

Лицето е приведено во Полициска станица, а до надлежното Основно јавно обвинителство  Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со засилените мерки и активности за спречување на недозволената трговија и продажба на наркотични дроги на територијата на целата држава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести