Во продолжение целосниот текст од изјавата на Јенс Столтенберг:
“Ви благодарам многу, Урсула.
Огромно е задоволството што се враќам и што повторно можам да се сретнам со Колеџот на комесари, навистина е задоволство што ја имам оваа можност по втор пат.
Нашето партнерство, партнерството меѓу Европската унија и НАТО е поважно од кога било, бидејќи руската брутална инвазија на Украина суштински ја промени нашата безбедност.
Во последните денови видовме жестоки борби околу Бахмут и Соледар во источна Украина.
Ова уште еднаш ја покажува храброста на украинските сили додека се борат да ја одбранат својата татковина.
Тоа, исто така, покажува колку е од витално значење да ја засилиме нашата поддршка, нашата воена поддршка за Украина.
Затоа ги поздравувам неодамнешните најави на Соединетите Американски Држави, Франција и Германија дека наскоро ќе испорачаат пешадиски борбени возила и лесни тенкови
И невидена поддршка од сите сојузници на НАТО и земји-членки на ЕУ.
Нашата поддршка прави вистинска разлика на теренот.
И во овој клучен момент на војната, ние мора да направиме уште повеќе, уште побрзо.
Од почетокот на конфликтот, НАТО и Европската унија стојат со Украина и стојат заедно.
Само вчера потпишавме нова заедничка декларација.
Јас и ти, Урсула и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.
Ова ќе го подигне партнерството меѓу НАТО и Европската унија на ново ниво.
Во свет на растечка геополитичка конкуренција, ќе се осврнеме на нови области, како што се новите технологии, вселената и безбедносното влијание на климатските промени.
Отпорноста и заштитата на критичната инфраструктура се клучен дел од нашите заеднички напори, како што видовме и со употреба на енергијата како оружје од страна на претседателот Путин, и како што спомнавте, Урсула, саботажата на гасоводите Северен тек.
Така, се согласивме да создадеме работна група НАТО-ЕУ за отпорност и критична инфраструктура.
Сакаме заедно да погледнеме како да ги направиме нашите критична инфраструктура, технологија и синџири на снабдување поотпорни на потенцијалните закани и да преземеме акција за да ги ублажиме потенцијалните ранливости.
Ова ќе биде важен чекор за да ги направиме нашите општества посилни и побезбедни.
Тогаш Урсула, ти благодарам повторно за поканата.
И ви благодарам за вашата силна посветеност за зајакнување на партнерството, соработката меѓу Европската Унија и НАТО.