Сите летови низ САД се прекинати поради дефект во компјутерскиот систем на Федералната управа за авијација, јавуваат американските медиуми.
Денес се пријавени најмалку 500 одложувања во или надвор од САД денес, според Flight Aware.
Фрустрираните патници се огласија на социјалните мрежи за да кажат дека седат на пистите со часови во полни авиони.
Се смета дека има проблем со системот НОТАМ – алатка која се користи за предупредување на пилотите за потенцијални опасности при летот.
Претставниците на ФАА не открија кога ќе се реши прекинот.
Агенцијата соопшти дека „техничарите во моментов работат на обновување на системот и засега нема проценка за обновување на услугата“.