-3.2 C
Skopje
среда, јануари 11, 2023

Пленковиќ ги повика трговците до петок да се вратат на старите цени

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ ги повика трговците до петок да се вратат на старите цени кои неоправдано ги покачија при претворањето на куните во евро.

„Се случи дел од деловните субјекти да ја искористат размената на куни во евро и да ги покачат цените под превезот на „заокружување“, изјави Пленковиќ пред новинарите во Загреб.

Тој посочи дека Владата нема да се двоуми и ќе ги искористи алатките што ги има веќе овој петок, како што се откажување на субвенциите и зголемување на даноците.

„Нема да дозволиме стратешкото достигнување на власта и државата да биде загрозено од некои од актерите на сцената со нивното неодговорно однесување“, нагласи премиерот.

Тој оцени дека дел од трговците се однесувале „измамнички“, бидејќи цените ги „заокружиле“ на многу повеќе од очекуваното, за неколку центи, што, додаде, им штети на граѓаните и на стопанството.

Во Хрватска официјална валута е еврото од 1 јануари, а куната може да се користи до недела, 15 јануари.

До крајот на 2023 година, банкнотите и монетите куни ќе можат да се менуваат за евра во пошти, деловни банки и филијали на ФИНА, а потоа од 2024 година во Хрватската народна банка.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img