Од хрватската полиција потврдиле дека нешто по 15 часот добиле пријава за тепачка.
„Денеска, 24 декември, околу 15.15 часот, вработени во ОКЦ Полициско одделение Брод-Посавина добиле пријава за нарушување на јавниот ред и мир (тепачка помеѓу повеќе лица) на улица во Славонски Брод. На местото на настанот веднаш била испратена полиција, која ја потврдила вистинитоста на пријавата.

Во тек е натамошна работа од страна на полициски службеници за утврдување на фактите и околностите поврзани со наведениот настан, а по завршување на кривичната истрага ќе дадеме целосни информации“, велат од Полициската управа Брод-Посавина.

Никој не побарал лекарска помош во бродската болница, па не се знае сериозноста на повредите на претепаниот млад човек.
