13.8 C
Skopje
петок, март 31, 2023

Ќе одржат заеднички воени вежби Русија и Кина

Заедничките поморски вежби, кои се одржуваат секоја година од 2012 година, ќе опфатат ракетно и артилериски гаѓање во Источното Кинеско Море, соопшти руското Министерство за одбрана. „Главната цел на вежбите е зајакнување на поморската соработка меѓу Русија и Кина и одржување на мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион“, се додава.

Од руската инвазија на Украина во февруари, Москва се обидува да ги зајакне своите политички, безбедносни и економски врски со Пекинг и го гледа кинескиот лидер Си Џинпинг како клучен сојузник во антизападната алијанса.

Двете земји потпишаа стратешко партнерство само неколку дена пред Москва да ја започне најголемата копнена инвазија во Европа од Втората светска војна. Но, Пекинг изрази загриженост поради активностите на Русија во Украина.

Русија најави дека во вежбите ќе учествуваат четири нејзини бродови, вклучувајќи го и ракетниот крстосувач Варјаг. Ќе учествуваат шест кинески бродови, заедно со авиони и хеликоптери од двете страни.

Руски бродови денеска испловија од далечноисточното пристаниште Владивосток за да учествуваат во вежбите кои почнуваат во среда и ќе траат една недела.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img