23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

СДСМ: Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и неспособните кадри на ВМРО-ДПМНЕ за една година го уништија Скопје

За една година го доведоа градот во хаос, се изживуваат врз граѓаните.

Наместо бесплатен јавен превоз, за прв пат во историјата Скопје остана без превоз. Скопјани повеќе од една недела не можат непречено да се движат низ блокирниот град.

За една година не само што нема никакви нови проекти, туку Град Скопје не може да ги обезбеди ниту основните функции.

Приватните превозници не возат, ЈСП тоне во долгови, а тешка е состојбата и во други градски претпријатија.

ВМРО-ДПМНЕ има градоначалничка, претседател и мнозинство во Советот и најголем дел од директори и членови на Управните одбори на јавните претпријатија.

Одговорноста за катастрофата што му се случува на Скопје е единствено во неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.

На Христијан Мицоски и на ВМРО-ДПМНЕ, поважни им се бизнис интересите, тендерите и провизиите, отколку решавање на хаосот што го создадоа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести