3.8 C
Skopje
четврток, јануари 26, 2023

Шолц: Русија престана да се заканува со употреба на нуклеарно оружје

Во интервјуто за медиумската група „Функе“ по повод неговата прва година на функцијата, Шолц рече дека војната продолжува со „ненамалена бруталност“, иако едно нешто засега е променето.

„Русија престана да се заканува со употреба на нуклеарно оружје, што е реакција на црвената линија што ја означи меѓународната заедница“, додаде Шолц со порака дека и покрај длабоките поделби, важно е да продолжи дијалогот со Кремљ.

Путин вчера рече дека ризикот од нуклеарна војна расте, но инсистираше на тоа дека Русија не „полудела“ и дека сопствениот нуклеарен арсенал го гледа како чисто одбранбено одвраќање.

Медиумската група „Функе“ соопшти дека интервјуто со Шолц било направено во понеделникот, а цитатите биле одобрени вчера попладне.

Шолц оцени и дека Путин мора да ја прекине војната, но дека потоа ќе биде подготвен да разговара со Русија за контрола на оружјето во Европа, додавајќи дека тоа било понудено уште пред војната.

Бранејќи ја поддршката на Германија за Украина, за која критичарите во Киев и на други места во Европа велат дека е премногу воздржана, Шолц рече дека Германија е еден од најголемите поддржувачи на Украина после Соединетите држави.

„Правиме сѐ што можеме за да спречиме директна војна меѓу Русија и НАТО. Таквиот конфликт би имал само губитници во целиот свет“, додаде Шолц, кој очекува најголемата европска економија добро да ја преброди зимата и да остане силна и успешна индустриска нација притоа намалувајќи ја нејзината зависност од руската енергија.

„Сега ги носиме потребните одлуки за да станеме независни на долг рок. Од 2045 година наваму сакаме да бидеме целосно климатски неутрални и да ја произведуваме нашата енергија целосно без природен гас, јаглен или нафта“, нагласил тој.

На прашањето дали повторно ќе се кандидира за канцелар на следните избори, тој изјавил „секако“.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img