0.8 C
Skopje
сабота, јануари 14, 2023

Приведени двајца крадци, одземените пари вратени на сопственичката

На 08.12.2022 во 14.20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода Р.Р.(21) и Џ.Р.(32), двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека одзеле пари од возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Д.С.(47) од Скопје, кое истиот ден било оставено за чистење во автопералницата во која работеле.

Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Парите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а за случајот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 235 од Кривичниот законик.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img