0.8 C
Skopje
сабота, јануари 14, 2023

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не бараат оставка од Арсовска зошто лепакот на Тачела коалицијата е криминалот и тендеритe

На СДС побитни им се криминалот и тендерите во 4 очи, отколку Скопје и скопјани и затоа не бараат оставка од Данела Арсовска.

Доколку СДС сакаат решавање на проблемот со блокадите и хаосот во Скопје, ќе побараа оставка од Арсовска, ќе и ги одземеа ингеренциите и ќе го подмиреа долгот кон приватните превозници.

Ама на СДС и Ковачевски не им е гајле за приватните превозници кои со месеци не добиле пари и како тие ги прехрануваат своите фамилии.

Јасно е дека СДС не сакаат решение на проблемите, решавање на хаосот со блокадите во Скопје, бидејќи се креатори на овој хаос преку монструозната коалиција помеѓу Данела Арсовска и Димитар Ковачевски.

Лепакот на коалицијата Тачела, се криминалните тендери, провизии и пљачкањето на скопјани.

Неколку дена молк од СДС, Ковачевски и Арсовска, дали се договорени со бугарска компанија да го превземе приватниот градски превоз, и дали автобусите веќе се стасани и се кријат во близина на главниот град.

Нема ни збор за штетниот договор за набавка на гориво за Јавното сообраќајно претпријатие од пратеник од власта, во која не е вклучен попустот, и се врши проневера од неколку стотици илјади евра.

Целото безредие во Градот Скопје е дело на Данела Арсовска, СДС, Левица и ДУИ кои се во неформална коалиција. За секој штетен договор, за секој криминал од оваа крими коалиција Тачела ќе има ревизија.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img