5.8 C
Skopje
петок, јануари 13, 2023

Приведен скопјанец, осуден на 15 години казна затвор

Денеска (08.12.2022) во 17.20 часот во скопската населба Хиподром, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Л.(31) од Скопје. Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член  236 и член 242 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од пет години и пет месеци.

Лицето ќе биде предадено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img