-2.2 C
Skopje
сабота, јануари 14, 2023

Холивудскиот актер ги шокираше сите: Татко му за прв пат му дал дрога кога имал само шест години

Американскиот актер Роберт Дауни Џуниор откри дека татко му за прв пат му дал дрога кога имал само шест години. Роберт Дауни постариот бил првиот што го запознал со дрогата, а тоа се случило кога со неговите пријатели играле покер во нивниот стан во Њујорк.

Таткото го видел шестгодишниот Роберт како пие голтка бело вино од чашата, а потоа му ја одзел чашата и му подал џоинт и му рекол да пуши наместо да пие алкохол.

„Седевме во куќата и пушевме трева и игравме покер, а Роберт некако чудно ме гледаше, тој отсекогаш ги набљудуваше луѓето, дури и како дете. А потоа му дадов трева да проба наместо да пие вино. му џоинт и одеднаш знаев каква ужасна грешка направив, давајќи му малку трева за да го расположи“, призна Дауни постариот, своевремено.

Дауни Џуниор подоцна во животот имал големи проблеми со дрогата и алкохолот, а неговиот татко дури подоцна сфатил каква лоша грешка направил кога на толку чувствителна возраст му дал дрога на својот син. Сето ова и животот на Роберт Дауни постариот се дискутира во новиот документарен филм на Нетфликс.

Во документарецот Роберт Дауни Џуниор зборува за своето турбулентно детство, се споменува и како морал да гледа филмови за возрасни, а самиот актер признал дека пораснал во семејство во кое сите користеле дрога.

Дауни Џуниор изјавил дека татко му го фрлил во светот на зависноста и го закачил кога имал само осум години.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img