14.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Дукаѓин Липа преговарал со Катарците две години во врска со настапот на Дуа на Мундијалот

Но мејлови сугерираат дека нејзиниот татко и менаџер, Дукаѓин Липа преговарал со Катарците две години во врска со настапот на Дуа на Мундијалот, пишува Дејли Мејл.

Документите, тврди Дејли Меил, покажуваат како таткото на пејачката првично стапил во контакт со катарските организатори на Светското првенство во 2020 година, а Дукаѓин, кој ја предводи агенцијата „Република“, вчера изјавил дека неговата ќерка не знаела дека тој остварил контакт со Катарците..

Во првата електронска размена на 9 март 2020 година, тој напишал: „Ја претставувам мојата ќерка, уметничката Дуа Липа и сакам да разговарам со Врховниот комитет за плановите во врска со нејзиниот настап на Светското првенство во Катар во 2022 година“.

Во јануари следната година, тој напишал: „Само би сакал да се надоврзам на претходната е-пошта. Се прашував дали би можеле да разговараме за можност каде што би можеле да бидеме од помош“.

„Неодамна, Дуа Липа имаше пренос во живо на песни од нејзиниот нов албум, а се појавија и други изведувачи. Беа вклучени пет милиони гледачи, тоа беше најголемиот настан „стриминг во живо“ во светот“, продолжил Липа, а одговорот на гореспоменатиот одбор бил: „Одлично е што посегнавте и фантастично е да се знае дека и Дуа е заинтересирана“.

Во април минатата година, Дукаѓин изразил загриженост за преговорите и напишал: „Добив конкретно барање за Дуа Липа и за церемонијата на отворање, па сакав да се договорам со вас за тоа и да се уверам дека не зборувам со погрешно лице.”

Новата информација беше откриена откако пејачката неодамна на Инстаграм објави дека настапот на турнирот во Катар никогаш не бил планиран.

„Во моментов се шпекулира дека ќе настапам на свеченото отворање на Светското првенство во Катар. Нема да настапам таму, ниту некогаш сум била дел од преговорите за настапот“, тврдеше младата пејачка минатиот месец.

Нејзините коментари беа поздравени од активистите за човекови права по бројните написи за односот на катарските власти кон работниците мигранти и истополовите врски, а самата пејачка во интервју за Variety минатата недела тврдеше дека спортскиот настан во Катар „оди против нејзините убедувања “.

Нејзиниот татко, пак, изјавил дека Дуа не била запознаена со преписката со менаџерскиот тим на Светското првенство во Катар или какви било други дискусии и дека не учествувала во нив.

„Кога се претставив, објаснив која е мојата позиција и дека ја застапував Дуа, но јасно кажав дека ја немам неа на ум. Тоа јасно го кажав кога ме прашаа дали моите прашања се поврзани со Дуа“. тој додаде.

„На почетокот на 2021 година Катар даде цврсто ветување (откако го доби договорот за Светското првенство) дека ќе ги реформира законите за работни односи и ќе ја надомести штетата за човековите права. Како што се приближуваше Светското првенство и разговорите продолжија, стана јасно дека тие ветувања не се исполнети, па го прекинав контактот. После тоа ми пријдоа неколку луѓе поврзани со Светското првенство во Катар, на кои јасно им кажав дека Дуа нема да настапува таму“, заклучил тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести