Шолц побарал од Путин да ги повлече своите војници од Украина за да се постигне „дипломатско решение“.
Како што соопшти Кремљ, во разговорот што Путин го имал со Шолц, рускиот претседател ја осудил „деструктивната“ позиција на Западот, кој го поддржува Киев, пренесува Франс прес.
„Беше истакнато дека руските вооружени сили долго време избегнуваа високопрецизни ракетни напади врз одредени цели во Украина, но таквите мерки станаа неопходни и неизбежни во услови на провокативни напади од Киев“, се вели во соопштението на Кремљ.
„Приземјувањето на Украина со оружје е деструктивна политика“, рече рускиот лидер во разговор со Шолц, пренесува ТАСС.