5.8 C
Skopje
петок, јануари 13, 2023

Мицкоски со решение за јавниот превоз во Скопје: Наместо за матни зделки на тајните средби Арсовска и Ковачевски нека побараат попуст за милионскиот договор за нафта каков имале сите претходно и ќе има пари за превозниците

Мојата порака и до градоначалничката и до Ковачевски е кога ќе се среќаваат на тие тајни средби во Владата е да договорат суштински работи кои ќе им помогнат на превозниците, затоа што така им помагаат на скопјани. Хаосот кој се случува сите тие луѓе ги фрустрира, ги прави нервозни и тоа не е добро и затоа треба барем кога ќе се состануваат на тие тајни средби за кои што потврди Ковачевски да излезат од тие средби со некакво решение, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како го коментира протестот на приватните превозни и одбивањето на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска да седне на маса и да разговара со нив за изнаоѓање на решение и стопирање на хаосот во градот со јавниот превоз.

Мицкоски потенцираше дека тендерот за набавка на нафта во ЈСП Скопје не содржи член за рабат односно попуст како што содржале сите претходни договори, укажувајќи дека доколку попустот е 6 денари за еден литар нафта и доколку ЈСП троши дневно по 25 илјади литри тогаш ќе заштеди 2.500 евра дневно, на месечно ниво би заштедиле 75.000 евра, додека на годишно ниво би заштедиле 900.000 евра, односно како што рече доволно за да се подмират приватните превозни и да се прекине сообраќајниот хаос.

Изминатите денови во јавноста дел од партиските соработници на Ковачевски излегоа со договорот кое што ЈСП го има потпишано за набавка на нафта. Излегоа против нивниот партиски другар, кој што е директор на ЈСП бидејќи тој е член на централното раководство на СДСМ. И таму за волја на вистината погрешно го цитираат членот 3 и велат дека има фиксна цена, што не е точно. Ако го прочитате подолу, бидејќи не го читаат до крај или ги мрзи или пак сакаат да спинуваат, во договорот ќе видите дека цената која ја плаќа ЈСП ја плаќа врз основа на утврдената малопродажна цена на Регулаторна комисија и таа се нивелира од ден за ден. Но, точно е тоа дека има фиксна цена, но што не содржи овој договор? Овој договор не содржи рабат или попуст кој што го содржале сите договори на сите минати раководства, дури и во времето на Петре Шилегов, и во времето на Коце Трајановски. А тој рабат е 6 денари за еден литар. Ако дневно троши ЈСП 25 тона нафта, тоа се 25 илјади литри, со овие 6 денара тоа е 150.000 денара, или 2.500 евра на ден рабат односно попуст. Помножено со 30 дена тоа е 75.000 евра месечно, помножено со 12 месеци тоа е околу 900.000 евра. Еве ги парите за приватните превозници кои што ЈСП им ги должи, порача Мицкоски и додаде дека наместо парите да завршат кај приватните превозници тие завршуваат кај луѓе блиски до дуото Ковачевски и Арсовска.

Е сега овие пари завршуваат кај лица блиски до дуото Ковачевски и Арсовска, роднини, соработници во делот на сметководството кои што секојдневно се наоѓаат во ЈСП и кажуваат кои фактури да се платат, а кои не се платат. Ако овие 6 денара беа дел од овој договор, еве ги парите и ќе бевме ние сите скопјани заштитени од ова што денес ни се случува.

Договорот кој што е потпишан е 2 годишен и вклучува 14 ипол милиони литри, тоа значат рабат од 1 ипол милион евра, еве ги парите само не треба да се крадат и да се местат тендери за резервни делови за семејството, треба да се вратат кај луѓето, дециден е Мицкоски.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img