Њујорк првпат е на врвот на листата, додека Сингапур е на првото место по осми пат во последните 10 години.
Израелскиот Тел Авив, кој во 2021 година беше прогласен за најскап град во светот, годинава е на третото место. Освен Њујорк, на листата на десет најскапи градови напредуваа и Лос Анџелес и Сан Франциско.
Сите 22 американски градови опфатени со истражувањето се искачија на рангирањето поради брзиот раст на цените и силниот долар. Шест од нив – Атланта, Шарлот, Индијанаполис, Сан Диего, Портланд и Бостон – беа меѓу 10-те градови кои покажаа најголем скок на ранг-листата.
Најмногу раст на рангирањето забележаа руските градови Москва и Санкт Петербург, кои скокнаа за 88, односно 70 места.
Повеќето европски градови паднаа во рангирањето. Сирискиот главен град Дамаск и либискиот Триполи остануваат најевтините градови. Истражувањето оваа година беше спроведено од 16 август до 16 септември во 172 поголеми градови во светот.
„Војната во Украина, санкциите на Западот против Русија и политиката на Кина за нулта ковид предизвикаа проблеми во синџирот на снабдување кои, во комбинација со зголемувањето на каматните стапки и флуктуациите на девизниот курс, резултираа со криза на трошоците за живот ширум светот“. рече Упасана Дут, шеф на одделот на EIU кој се занимава со трошоците за живот.