-3.2 C
Skopje
четврток, јануари 12, 2023

Путин: Односот на Германија и Западот кон Украина е „деструктивен“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача на германскиот канцелар Олаф Шолц дека пристапот и односот на Германија и Западот кон Украина е „деструктивен“.

Тој го повика Берлин да ги преиспита своите односи, соопшти Кремљ.

„Преземањето на Украина со оружје е деструктивна политика“, рече рускиот лидер во разговор со Солца, пренесе агенцијата ТАС С.

Тој додаде дека истото може да се каже и за фактот дека западните земји, вклучително и Германија, обучуваат украински војници.

Според Путин, поради сето тоа, како и големата финансиска поддршка за Украина, режимот во Киев ја отфрла самата идеја за преговори. Како што пренесуваат руските медиуми, Путин рекол и дека на Русија треба да и се дозволи да учествува во истрагите, како што наведе, за терористичките напади на гасоводот „Северен тек“ во Балтичкото Море.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img