5.8 C
Skopje
четврток, јануари 12, 2023

Ковачевски и министерката Тренчевска заедно со корисниците од „Порака“-Неготино, го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со попреченост

По повод одбележување на 3 декември-Меѓународниот ден на лицата со попреченост претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, вчера заедно готвеа со лицата со попреченост-корисници од „Порака“-Неготино.

На забавен начин, со натпреварувачки дух, тимот на премиерот – црвени и тимот на министерката – зелени, а со поддршка на шеф Никола и шеф Бобан, готвачите од популарната „Брза кујна“ од Сител Телевизија, уште еднаш докажаа дека лицата со попреченост се дел од нашата заедница и позитивните резултати од деинституционализацијата.

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, претседателот Ковачевски истакна дека лицата со попреченост се високо на агендата на Владата, и имаат право да ги користат сите придобивки како и сите граѓани во државата.

„На долгорочен план, Владата започна со подготовка на Стратегија за лицата со попреченост за 2023 – 2030 година, која ќе биде основа за понатамошни активности и мерки за унапредување на институциите, меѓутоа и основа во нашиот преговарачки процес со Европската Унија, со цел да изградиме уште подобар институционален, финансиски и човечки капацитет со цел да се помогне што подобро вклучување на лицата со попреченост во општеството,“ истакна претседателот на Владата Ковачевски.

Министерката Тренчевска истакна дека вакви настани се организираат во текот на целата година, не само на денот на одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Како и дека ова е начин граѓаните да ги видат придобивките од процесот на деинституционализација.

„Едно од најдобрите нешта што се има случено во изминатите пет години, преку Министерството за труд и социјална политика, најдобриот проект на Владата во делот на социјалната заштита е процесот на деинституционализација и носењето на Стратегијата за деинституционализација. Гордо можам да кажам дека од 2018 година наваму немаме ниту едно дете под 18 годишна возраст сместено во институција, тие живеат во мали групни домови, со љубов и 24 часовна поддршка од стручен тим,  во атмосфера најблиска на семејната,“ истакна Тренчевска.

Министерката посочи дека процесот продолжува се додека не остане ниту еден штитеник сместен во институција. А институциите ќе се пренаменат за центри за реинтеграција и рехабилитација.

Лицата со лесна интелектуална попреченост од „Порака“ – Неготино се лицата кои први ги напуштија институциите со почетокот на проектот на деинституционализација.  Живеат во мали групни домови во пријатна семејна атмосфера. Дел од лицата се моментално економски независни и преку живеењето со поддршка се работно  оспособени, работат како негуватели за лица кои имаат потреба.  Истите лица се и главните ликови во документарниот филм за деинституционализација „Беласица“, кој неодамна беше промовиран.

На настанот беше организирана и изложба од страна на децата од малите групни домови при Домот за деца „11 Октомври“  и ЈУ за згрижување деца со воспитно социјални проблеми „25 мај“. Сите присутните корисници од групните домови беа дел од одбележувањето на 3 декември-Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img