Во 2011 година, пејачката Милица Павловиќ за прв пат се појави на аудицијата за „Ѕвездите на Гранд“, каде изгледаше сосема поинаку од сега. Она што веднаш се забележува на фотките од тоа време е дека Милица изгледаше срамежливо во споредба со денес.

На аудицијата Милица пееше песна од постарата колешка Вики Миљковиќ и веднаш ги освои срцата на жирито.
Кога и кажаа дека поминала и ја прашаа какво е нејзиното мислење за овој натпревар, пејачката даде урнебесен одговор: „Искрено мислев дека сето ова е местенка и дека се прави преку врска. Но, се уверив дека не било така.“
Промената во изгледот на Милица е очигледна, а и рака на срце тогаш беше само обично дете излезено од училишната клупа.