-3.2 C
Skopje
среда, јануари 11, 2023

НАТО: Нема да бидеме вовлечени во војна

НАТО не е страна во конфликтот во Украина и нема да дозволи да биде вовлечен во овој конфликт, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг по разговорот во Германија со канцеларот Олаф Шолц.

-Во овој критичен момент нашата континуирана поддршка за Украина е поважна од кога било. НАТО не е страна во конфликтот. Нема да бидеме вовлечени во војна, рече генералниот секретар.

Во исто време, претходно Столтенберг на прес-конференцијата во Букурешт продолжи да зборува не за поддршка на мировните преговори за решение во Украина, туку за продолжување на активната воена помош за Киев.

Тој рече дека НАТО разговара за можна испорака на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина, како и за поефикасно користење на веќе испорачаната опрема. Генералниот секретар на алијансата ја нарече помошта што Западот и ја пружи на Украина „без преседан“ и вети дека ќе продолжи „колку што е потребно“.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, пак, истакна дека доколку НАТО го снабди Киев со комплекси Патриот заедно со персоналот на НАТО, тие веднаш ќе станат легитимна цел на вооружените сили на Руската Федерација.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img