-2.2 C
Skopje
понеделник, јануари 16, 2023

Стојаноски: Укинување на прогресивното оданочување е на барање на ВМРО-ДПМНЕ, владата закажа важна прес конференцијата на која кажа дека нема да ги променат даночните стапки кои ВМРО-ДПМНЕ ги воведе

До кое дереџе ја донесе СДС државата, да излезе цела влада на важна прес конференција и да се фали дека ќе продолжи со даночната политика како до сега. СДС со ваквите нестабилни политики придонесе да има уште поголем удар за стопанството. Креираат нестабилност, несигурност кај бизнисот и кај граѓаните. Три месеци изгубија во најава за даночни реформи, го убедуваа бизнис секторот и граѓаните дека прогресивниот данок е правилна мерка, за на крај да ја повлечат. И наместо да има акција од приватниот сектор тие чекаат и не можат ниту да планираат инвестиции, ниту развој. Напротив чекаат да видат каква ќе биде економската и даночната политика на владата.

Но, драго ни е што после вкупно 13 години како партија, и после 5 години како влада, СДС се откажа од нејзините даночни авантури и конечно прифати дека рамниот данок воведен од ВМРО-ДПМНЕ е стабилен, развоен и предвидлив даночен концепт, поволен и за стопанството и за граѓаните.

Со оваа прес конференција СДС докажа дека немаат стратегија за даночна реформа, која помпезно ја најавуваат. Наместо во услови на инфлација и зголемен долг кој е над 7.5 милијарди евра граѓаните на Македонија да слушнат за даночни ослободувања, владата соопшти дека ќе има нов данок за фриленсерите, и даночни стапки кои се исти како до сега. Безидејност, презентирана преку прес конференција долга еден час е на лик на минатите прес конференции кои ги држат долго време за да ги манипулираат граѓаните дека наводно нешто направиле.

Ја потценуваат интелигенцијата на македонскиот народ, презентирајќи правичност во оданочувањето, а всушност реалноста е сосема поинаква.

Покрај тоа што власта ги прифати предлог мерките за ублажување на енергетската криза, сега и укинувањето на прогресивното оданочување кое што сакаше да го воведе СДС е на инсистирање на ВМРО-ДПМНЕ. Не дозволивме граѓаните да плаќаат за неспособноста на власта.

И премиерот и министерот за финансии држат прес конференција, на која главна поента е дека треба да сме благодарни што не се покачуваат даноците. Нема новитети, нема даночни ослободувања.

Владата се фали со стари мерки кои што се веќе во сила и повеќе од 10 години, за кои вели дека нема да ги менува.

Со СДС дојдовме до ситуација да сме благодарни што нема да се покачи данокот, и што ќе имаме храна и струја.

На крај, бараме да не ја истоштуваат дополнително и таа кревка економска состојба која што ја имаме, туку веднаш, во најбрз можен рок овие мерки и сите други кои ги предложивме да ги достават до Собранието на понатамошно разгледување и усогласување. Граѓаните се уморни од калкулантските политики на власта. Потребни се итни мерки за помош на граѓаните и на бизнисот.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img