3.8 C
Skopje
сабота, јануари 21, 2023

ВМРО-ДПМНЕ: Што треба да се случи друго за Спасовски да си поднесе оставка, неразрешени дојави за бомби, криминалци влетале во полициска станица во Арачиново, пасоши за криминалци, неразјаснети убиства

Оливер Спасовски веднаш да си поднесе оставка од позицијата министер за внатрешни работи бидејќи повеќе од месец дена не може да открие кој стои зад лажните дојави во средните и основни училишта.

Состојбата со безбедноста на граѓаните е донесена под знак прашалник, криминалот царува низ државата, а Спасовски наместо да реагира, дополнително ги штити криминалците и соработува со нив.

Спасовски подели над 200 македонски пасоши на белосветски мафијаши и нарко босови, има нерасчистени убиства низ улиците, вооружени лица упаѓаат во полициски станици, тепачки на секој чекор, скандали и неоткриени лажни бомби во училиштата најдобро го отсликуваат катастрофалното управување на Спасовски со МВР.

Спасовски целосно потфрли со безбедносните служби. Македонија стана држава во која убиствата, заканите, тепачките и инцидентите се секојдневие.

Дополнително, дека Спасовски ги штити криминалци говори и медиумските натписи кои објавуваат дека вооружени лица блиски до власта упаѓаат во полициска станица во Арачиново и им се закануваат на службени лица со убиства, само поради тоа што професионално си ја извршуваат службената должност и задача.

Само во Македонија се случува криминалци со оружје да влегуваат во полициски станици и да бркаат полицајци, наместо да е обратно.

И закажаниот  протест пред полициската станица Кочани поради суспензија на четворица полицајци кои професионално ја извршувале својата должност е доволен доказ дека со државата управуваат криминалци а Спасовски ништо не презема.

Спасовски веднаш да си поднесе оставка бидејќи веќе нема ниту кредибилитет, ниту легитимитет да го раководи со МВР.

Одговорноста на Спасовски е директно кај него, бидејќи тој и неговите соработници се во сериозна коалиција со криминалот, а граѓаните се чувствуваат несигурни.

Што уште треба да се случи за Спасовски конечно да си поднесе оставка?

Состојбата е сериозна, промените се повеќе од потребни.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img