-3.2 C
Skopje
среда, јануари 11, 2023

САД одвои 1,1 милијарда долари од буџетот за енергетска инфраструктура за Украина и Молдавија

На маргините на состанокот на НАТО во Романија се очекува САД да објават „значајна“ финансиска помош за Украина, за да и помогне да се справи со штетата што Русија и ја нанесе на нејзината енергетска инфраструктура, најавија високопоставени американски претставници.

Помошта што детално ќе ја презентира државниот секретар Ентони Блинкен, ќе биде значителна и нема да биде конечна, изјави за новинарите високопоставен американски функционер кој не сакаше да биде именуван ниту да ја открие предвидената сума или други поединости.

Сепак, тој посочи дека администрацијата на претседателот Џозеф Бајден одвоила 1,1 милијарда долари од буџетот за енергија за Украина и Молдавија. Таа помош беше најавена за меѓународната конференција на кредиторите за поддршка на граѓанскиот отпор на Украина закажана за 13 декември во Франција.

На почетокот на октомври Русија започна голема кампања ракетни напади насочени кон енергетската инфраструктура низ Украина. Според податоците обезбедени од украинската Влада, во нападите се оштетени меѓу 25 и 30 проценти од енергетската инфраструктура во земјата.

„Она што го прават Русите се напади врз трансформаторите под висок напон, а не само централите, со цел да го нарушат целиот процес – од производство до дистрибуција“, рече американски функционер.

Министрите за надворешни работи на НАТО денеска и утре се состануваат во Букурешт, а една од главните теми на состанокот ќе биде поддршката на Алијансата за Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. 

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img