5.8 C
Skopje
петок, јануари 13, 2023

НОВА МИСТЕРИОЗНА СМРТ: Загина уште еден руски олигарх

53-годишниот Таран во последните десет години живее во Монако. Освен него, во хеликоптерската несреќа што се случила на 25 ноември загинал и 35-годишниот пилот кој управувал со хеликоптерот, пишува порталот Монако Дејли њуз.

Таран го основал Libertex, платформа за онлајн тргување во 1997 година, а неодамна се занимавал и со криптовалути. „Групата Либертекс со голема тага ја потврдува смртта на нејзиниот ко-основач и претседател на Одборот на директори, Вјачеслав Таран, во хеликоптерска несреќа што се случи на пат кон Монако во петокот, 25 ноември 2022 година“, велат во соопштение за медиумите од Либертекс.

Рускиот милијардер полетал од Лозана со искусен пилот во едномоторниот хеликоптер H130. Несреќата се случила околу 13 часот по ведро време, а непотврдени шпекулации се појавиле дека вториот патник го откажал летот во последен момент. Заменик-јавниот обвинител во Ница рече дека не може да се исклучи вината на трето лице.

Украинската новинска агенција UNIAN тврди дека Таран бил „крипто-бизнисмен со веројатни врски со руската надворешна разузнавачка служба“. Се наведува дека бил поврзан со странската шпионска агенција СВР, како и дека бил одговорен за „перење руски средства преку систем на криптовалутни операции“, пишува Дејли Мејл.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img