5.8 C
Skopje
петок, јануари 13, 2023

Ердоган: Турција треба да биде во центарот на новиот светски поредок

Турција треба да биде во центарот на новиот светски поредок, изјави претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган.

– Нашата земја треба да биде во центарот на новиот светски поредок и да ги искористи сите можности на променливата глобална политичка и економска архитектура – рече Ердоган во Анкара, каде што присуствуваше на состанокот на управниот одбор на Турската федерација на хотелиери.

Како што истакна тој, и покрај краткорочниот пад поради пандемијата, Турција не ги менува своите задачи во туристичката сфера и е фокусирана на максимизирање на приходите и бројот на туристи.

На крајот на 2021 година Турција беше на четврто место во светот според бројот на туристи, а според приходите од туризмот – на осмо. Прогнозите за 2022 година се многу подобри – рече Ердоган.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img